Усукан е животот, како ортома од јута, рѓосан шраф го држи неговиот таван, неговиот пожар го гасиш само со фута, од жесток камшик постојано маван. А и кога ти минал во шушкава свила, во раскошни меани, со наситено око, пријатното шушкање ќе загуби сила - и ти во бел покров ќе најдеш спокој.
© Љубомир Бочваров. Превод, 2013