Еднаш додека низ градот бесцелно талкав, минувачи двајца сум ги бутнал ко за смеа, в милиција се оправдав за случката жалка и таму ја видов - и направо умрев по неа. Не знам за што таа таму точно дојдена беше, па така претпоставив дека пасош ќе да вади - беше млада и прекрасна и веднаш бев решен да ја следам и да ги освојам нејзините гради. Појдов по неа и запомнив каде точно седи па иако ко уличен гамен животот го минам, се напив за храброст и со уста што меди, ја поканив в ресторан на вечеричка фина. По улица, таа на машките се насмевнуваше, мене љубомора ме камшикуваше сообразно: на еден му опнав ќотек зашто му следуваше - ишарет ѝ направи намигнувајќи безобразно. Потоа, со кавијар залчиња в уста ѝ ставав, како потоци истекуваа парите од џебот мој, па и на музикантите многу порачки давав - ја дотеравме и до «Еден бакнеж, песни рој!» Ѝ ветував до небо, дека таа е мој свет грал, се чудев како досега еден без друг сме могле, - дека пет дена веќе не сум апашкиот крал бидејќи таа ми станала љубов на прв поглед. Ѝ зборував дека без неа животот ми е нула, се дотерав дур до солзи, грло ми се стегна, а таа ми рече дека поубава беседа не чула и дека за пари може веднаш да ја легнам. Ми зовре горчина во крвта, изгубив сила и на птицата ѝ акнав само една шлаканица, бидејќи мојата љубов на прв поглед била приведена курва во милициската станица.
© Љубомир Бочваров. Превод, 2013