Времето минува и за навредите добар е лек, секој човек во заборавот си ги склопил, но мојот печал сака да биде како вечен снег, станал санта ледена и нејќе да се топи. Испрчено блеска, од летото мака си нема, пладневните жеги стоички ги трпи, - и знам: мојата тага, овој печал се спрема, за себе довека силата да ми ја црпи.
© Љубомир Бочваров. Превод, 2013