За средбата наша - што има да се каже - ја очекував како стихијата што се чека: ние заживеавме веднаш ко жена и маже, без страв од лош крај, на постела мека. Кругот твои пријатели јас на три го сечев, те облеков и обув, кал веќе да не те прска, но зад тебе долгиот опаш пак ти се влече, опашот на твоите кратки врска-до-врска. Потоа, се сеќавам, твоите другари ги биев, со нив ептен непријатно времето го минев, иако, веројатно, меѓу нив можеби се крие и некој што напати и некоја умна ќе скине. Било што да посакаше, јас в миг го давав, во секој миг брачна ноќ ми беше опсесија, за тебе под воз скокнав кога изгубив глава но за среќа, се спасив по некаква чудесија. И да беше ме чекала како што доликува, онојпат кога ме пратија на «службен пат», небосводот за тебе би го фалсификувал, и згора на тоа, две ѕвезди од Кремљ злат. И се колнам, да пукнам, да не видам ќар, не пиј и не лажи, простувам без да жалам, Бољшој театар ќе ти го принесам на дар, и згора на тоа, и Малечката спортска сала. Но засега, јас за средба не сум спремен, се плашам и од ноќите во кои те имав, како Јапонците, стравувам од она време кое ќе ми ја повтори мојата Хирошима.
© Љубомир Бочваров. Превод, 2013