Мислам дека и душа и глава ме боли, верувајте, не глумам алкохолни проби, двеста евра давам за почисти алвеоли, ќе соработувам во спасувачкиот обид. Нужна ми е лелеава елковетерна ава, нужно ми е воздишките да се лесни, дури и сите резерви цигари ги давам, а како бонус ги давам и моите песни. Друг воздух дајте ми а не овој Полифем, роптам, се гушам а желен сум да живнам! Ох, мирисот е тука, но да не е парфем? Ќе благодарам штом успеам да здивнам. И нервите како од калај да се заболени, спокојството ми го урнисаа неотерици! Ех, вие нерви мои, од лавини соголени, и да живнете пак, ќе одите на патерици. Не, не глејте ме како усните си ги стегам, и зборче да излезе, зло ќе биде, за жал. Оттука и по патики во тајгата ми се бега - таму во драки би се скрил и би завивал.
© Љубомир Бочваров. Превод, 2013