Мене невестичката ќе ме отплаче со солзи чесни, другарите долговите ќе ги платат, иако без полза, едино што они а и други ќе ги пеат моите песни, а може и ѓаволот за мене ќе пророни чесна солза. Не ми даваат веќе интересни книги кои ги сакам, и мојата гитара ја осакатија, без жици ја затурија, радост нема горе за мене а долу нема ниту мака, нема сонце ниту месечина долж небесната јурија. Јас немам слобода и права, збутан сум на тесно, само во круг од врата до ѕидови може да стапам, за мене е невозможно на лево а исто и на десно, само да мечтаам и во парченцето небо да зјапам. Мечтата ми е: како оттаму излегувам, неме резе, како со гитарата ми ја враќаат и мојата смеа, кој надвор ќе ме пречека и ќе ме гушне со лезет, и какви ли убави песни другарите ќе ми пеат?
© Љубомир Бочваров. Превод, 2013