Беше така, ја сакав и страдав, тајно в сон јас по неа бладав, со мечти за неа имав полна глава, Амазонката моја на бел коњ јава. Каква корист од мудроста на досадните книги, кога јас со усните паднав на најзините траги? Што со вас биднало, кралице моја, моја Твиги, што се случило, среќо моја на привиди драги? Нашите души во пролетта се капеа, во нашите глави огнот песна запеа. Со неа бев далеку од болка и печал, помисла за мака не можев да речам. А сега, како смртен покров да си спремила, се смеам низ солзи и без причина плачам. Со мраз крвта нејзина е окована и немила, страв и претчувство на крајот неа ја мачат. Сфатив, поарно да замолкнат моите песни, сфатив, поарно да немам веќе мечти бесни. Деновите со неа беа проткаени со лаги диви, животот со неа беше само привид до привид. Остатоците на празничните облеки ги палам, се ослободувам од опојката па и жици кинам, за призрачните надежи со неа веќе не жалам, моето робување на измамничкиот идол мина.
© Љубомир Бочваров. Превод, 2013