Ко камбански ѕвон тежок чекор екна в ноќта бурна, значи, и ние молкома да заминеме дојде време. По патеки незнајни секој од коњите неуморно јурна, кон крајот неизвесен што за јавачите е спремен. Нашето време е инакво зло, но среќата ја љубиме, во потрага по бегалката, ние летаме безобразно: втренчени во тој галоп другарите си ги губиме, не гледаме дека нивното место до нас е празно. И уште долго огнови ќе се чинат пожарна чигра, зловестно ќе се чини крцањето на секоја чизма, на децата пак војната ќе им биде омилена игра, луѓето поделени на наши и оние кои нѐ пизмат. А кога ќе одгрми, догори и доплаче воената пена, коњите ќе се смират и молкнат јуришните труби, и кога девојките шинелите со сукњи ќе ги сменат - во заборавот и опростот тоа време да не се губи.
© Љубомир Бочваров. Превод, 2013