Се враќам дома, предвреме дојде смена, столарскиот алат го закачувам на ѕидот - и оп, некој од постелата на мојата жена, низ прозорецот, ми пролета пред видот! И веднаш од неа одговор барам, ја прашувам кој ни беше гостин, а таа ко запната пушка одговара: «Светиот Дух, Боже ме прости!» Демек, вистината за него била проста - штом е свет, во Марето нека сврши! Море, тој дух јас треба да го гостам - со тупаница што заби ќе му скрши! Може неговата крв ептен да е сина и коските да му се од злато чисто, но по смртта и јас кај Бог ќе минам и знам: нема да ѝ прости Христос. Маре моја е еден штеточин табиет, почна да ја врти работата накај скандал: демек, сум го спречил да ѝ го набие, при светообљубие сум испаднал вандал! Првин со кротко почнав, ја замолив да ме слуша, но таа се покажа безочна - речиси ме фати за гуша! Е па секна тогаш мојата љубов, конечно, и јас почнав со грубо: «Тој може да е и многу древен, илјада и шест години да тежи, а во секое село го чека кревет, тој со по неколку жени лежи.» Мене за досетките ептен ме бива, на Марија моја предлог ѝ дадов: идната недела - контраофанзива, проверка на светоста на гадот: Уште наутро јас ѓоа ќе заминам, ѓоа на работа да ме викнале итно, а она да го прими, ѓоа потамина, тој да не се посомнева е битно: да го позавитка во јорган свилен да го напои салам, дремка да го фане - а јас ќе рипнам со колец шилест, па он нека проба со псалми да стане! И навистина, тој токму така се здаде, си реков: успех! работите се местат, зашто за Мара моја мислата ме јаде дека Сатана-Ангел ѝ брца во честа! Влетувам со крик, за удар се спремам, со надеж дека ќе го претепам до брух, но Марето плаче, гледам, сатана нема, Марето вика одлетал љубениот дух! Јас се чудам како успеа тоа да го стори, та нели прозорците ги заковав салам, но Марето за него медено ми збори, ја галел со крилја, прочитал и псалм.     «Така значи, го будалкаш мажот свој!» ѝ реков на мојата итра и гадна дона. Со колецот напишав нов домострој, врз Марето - оти Сатаната беше она.
© Љубомир Бочваров. Превод, 2013