Таа беше чиста ко снегот в зима, и нежна. А стана бисер в кал, но нема да ја колнам! Рацеве писмото нејно со отказ ги жежна, во него е вистината, мачителна и болна. Јас не знаев, страдањето ѝ било маска но маскарадата нема да ми скрши врат! Да, ова беше едно од моите фијаска, се надевам дека беше за последен пат. Си помислив: деновите мои свршија, зла крв низ моите вени почна да тече, го стиснав писмото ко глава на змија, а отровот на измамата прсти ми пече. Агонија и страдање, но очајание ич, солзите ќе ми ги брише ветрец благ, за коњите мои таа навреда не е бич, меќава нема да го покрие мојот траг. И така, го оставам овој јад и скреж, по матно небо мирот ми е разнесен: карамфилов и невенов опој свеж во снег ступкан, од солзи размесен. Москва не им верува на плачни китки, и јас немам оправдание да ѝ замерам! Се стегнувам и брзам кон нови битки, и по обичај, да победам имам намера.
© Љубомир Бочваров. Превод, 2013