А луѓето роптаа во нашата комуна, справедливост бараа да им се даде: тие во ред први стоеја, без збор буна, а оној зад нив веќе почнува да јаде. А им објаснија, мирно и без пцости - нашите им се драги, од нив не се гадат, но работите угостителски се прости - зашто странци се оние кои веќе јадат! А луѓето пак роптаа во нашата комуна, справедливост бараа да им се даде: тие во ред први стоеја, без збор буна, а оној зад нив веќе почнува да јаде. А админот објасни, полесно да се сфати - за денес е готово, ги замоли да си одат, тие кои јадат се комунистички делегати а нашите, да извинат, само се гола вода! А луѓето пак роптаа во нашата комуна, справедливост бараа да им се даде: тие во ред први стоеја, без збор буна, а оној зад нив веќе почнува да јаде.
© Љубомир Бочваров. Превод, 2013