Може некој се чуди а можеби и се лути што не ја забележуваме попатната красота но на патување ние губиме сал минути а по станици со часови секој од нас се мота. Ја засилуваме машината дур’до галоп, летаме, не ни треба Јахве ни Азазел! За едни, под тркалата е нивниот гроб, за други - само пат кон нивната цел. Што чума се луѓето, на ветерот се вејки: рака на воланот, и засекогаш во прав! Но на постојките ние губиме сал копејки, а на патување, рубли губиме без страв. Ја засилуваме машината дури до галоп, летаме, не ни треба Јахве ни Азазел! За едни, под тркалата е нивниот гроб, за други - само пат кон нивната цел.
© Љубомир Бочваров. Превод, 2013