Некој верува во Мухамед и Алах, некој во Бог Исус, некој во ништо не верува, дури ни во ѓаволска шема; многу добра религија измислил некој бистар Индус, - дека ние не умираме туку друг живот ни се спрема. Се стремела душата твоја кон виножито, мечтата твоја ти била спасоносен јатак, - но ако како свиња во кал си барал жито, ќе останеш да се валкаш пак во батак. Не грижи се ако те тпчат и те држат на прагот, наеткан си но ќе се родиш како вешт за злоба. И ако во овој живот ја виде смртта на врагот, во другиот око милостиво ќе имаш за проба. Живеј си најнормално, од поуките учи, од приликите за веселба ти не се дели: та нели многу веројатно е да се случи душата твоја во началник да се всели.
Какви ситуации! Ширпростор за вообразни! Се раѓаш како будала а си бил горд и учен. А ако тоа не те радува та дури и те дразни, кажи си фала што не си се родил како куче. Па и поарно веднаш од збор на дело, зошто навредите свои да ги ѕидаш? Зашто, ако за ситници делуваш смело, веројатно ќе се дотркалаш до гнида.
Домар си бил ама судба на роб ти се згоди, а после од роб ти министер може да станеш! Но, ако си тупав, како баобаб ќе се родиш и ќе чекаш со векови друг циклус да фанеш. Непријатно е да бидеш папагал, или како отровна змија да лазиш. Зар не е подобро, макар и в кал, како човек ти гордо да газиш? Сега, кој е кој и што ли бил, ништо не се знае а од гени и хромозоми генетиката се збрка. Можеби тој оќелавен мачор подлец бил таен, а тој миличок човек порано бил пес за трка. Од возбуда јас сеуште скокам но есејов треба да се скуси. Многу добра религиозна стока измислиле браќата Индуси.
© Љубомир Бочваров. Превод, 2013