Според картаџиските правила нема забуна, секоја друга боја на срцето-херц плаќа цех, - така и дваесеттиот, на вековите што е круна, ко курва легнува под дваесет и првиот век. Мислам дека учените имаат грешка, не мала, со дупки им се теориите, нема да ги купам: светов не се развива како елегантна спирала ами накриво, накосо, стресно и прекутрупа.
© Љубомир Бочваров. Превод, 2013