За спомен на Михаил Хергиани
Ти си на работ на стрмен ледник, гледаш кон врвови што се извишуваат. Планините спијат, за здив жедни, облаци вдишуваат, лавини издишуваат. Но нивното око тебе втренчено те пази, бидејќи мирна нагорница ти беше ветена: секогаш те предупредуваат дур се јазиш, со стркалан камен и цепнатина оклештена. Планините знаеја, кај нив дошла беда, премините ги проголта димна ерозија. Ти тогаш не умееше да читаш следа, не разликуваше одрон од експлозија. Карпата за громко ехо се подесува ако ти за помош гласот си го дигнал, ветерот по клисурите го разнесува планинското ехо како радио-сигнал. И кога се бориш да освоиш премини лити, за да не те види врагот, те кријат камења, секој од нив задишаните гради ти ги штити и карпите ги подметнуваат своите рамења. Лажат дека умните во планини не скитаат! Ти појде таму, гласини пренебрегнуваш. Мекнее гранит, да се топат мразови итаат и како перје на шатка маглата легнува! А ако во вечниот снег занавек ти си легнал, над тебе, како над пријател близок и светол, планинските сртови во купола ќе се стегнат да бидат твој уникатен споменик во светов.
© Љубомир Бочваров. Превод, 2013